Кими откри дека не е тажен за тоа што ќе ја извози последната трка за , откако и претходно бил во ситуација да го напушти Маранело.

Финецот кој е последен светски првак со Ферари, ќе ги замени седиштата следната година со младиот Шарл Леклер, а Абу Даби ќе биде последна трка за двајцата во нивните овогодишни екипи. Но, Кими вообичаено не е емотивен, особено откако и во 2009 година се збогуваше со италијанците.

веќе имам тренинг напуштајќи ги ферари во минатото, така што тоа нема да биден ово за мене. не сум тажен, не гледам зошто треба да бидам, сеуште ќе бидеме заедно во падокот, така што нема којзнае што да се промени. одам по нова работа и тоа е возбудливо за мене.

јасно е дека имав добри моменти со тимот, со одличните луѓе во истиот, но исто така имав и тешки моменти во кои бев вклучен, но тоа се случува понекогаш, не сум премногу загрижен.

освојував титули со нив како возач, а како екипа победивме два пати во првенството. пресреќен сум што бев дел од нив и имавме одлични моменти.

задоволен одам во друг правец, но не далеку од нив. ќе продолжиме да го правиме истото и ќе биде во ред – најави раиконен.

Во моментов финецот е на 3то место во возачкиот поредок со 14 поени предност во однос на неговиот сонародник, Валтери Ботас. Но, очеквано, тој не е многу загрижен околу поените.

тоа нема да го промени мојот свет. ми кажаа дека сум 3ти и ако останам ќе треба да одам и да подигнам награда. тоа е негативно затоа што ќе треба да патувам, но ако е битно, нема проблем – заврши кими.


ОСТАВИ КОМЕНТАР

Внесете го вашиот коментар
Внесете го вашето име тука

Внесете го точниот резултат. * Time limit is exhausted. Please reload CAPTCHA.