Седумкратниот НАСКАР шампион Џими Џонсон вели дека можност да седне позади управувачот на Формула 1 болид е “животна шанса“.

43 годишниот ќе го замени своето место со Фернандо Алонсо на крајот на месецот на патеката во Бахреин, еден ден по последната трка од Формула 1 за 2018 година.

Тоа е врвен автомобил. Од гледна точка на дизајн, тоа е се што може да се посака од автомобил. Нашите тркачки автомобили се повеќе за забава и дефинитивно се многу забавни за возење.

Но да се почувствува потисната сила на Ф1 болидите секога било нешто што го посакувам. Секогаш сакав да го искусам тоа – изјави Џими.

Џонсон откри дека размената била договорена од почетокот на годината кога тие се сретнале во Дејтона.

Се сретнавме, разменивме броеви, останавме во контакт. Не помина премногу време пред да се спомне оваа идеја. Јас имав реакција “не треба двапати да прашаш“. Веднаш прифатив. Немаше да дозволам да ја пропуштам – вели Џонсон.

Пред размената на тркачките автомобили, Џонсон ќе помине одредено време во Ф1 симулаторот на Мекларен во Вокинг со цел да се подготви за предизвикот.

Алонсо ми препорача да го посетам Мекларен, да ја разгледам фабриката, градот. Јас само реков, Да, се ќе направам! Зошто да не? Ова е животна шанса. Се ќе направам – вели Џонсон.

Џонсон додаде дека тоа нема да биде краток настан само за ТВ камерите како во случајот на Џеф Гордон и Хуан Пабло Монтоја во 2003 година на Индијанаполис, или пак Луис Хамилтон и Тони Стујарт на Воткинс Глен во 2011 година.

Навистина сакавме цел ден од тоа искуство со сопствените автомобили. – додаде Џонсон.

За разлика од Џонсон, Алонсо нема да има можност да тестира пред настанот.

Најверојатно е поголема шанса за мене да го пробам неговиот автомобил. Му понудивме шанса да го проба симулаторот на Шевролет во Северна Каролина, но не успеавме да се договориме поради распоредот.

Фернандо е во добра позиција, од ИндиКар, Ф1, спортски автомобили, можеби еден ден и НАСКАР ќе го заинтересира?

Мислам дека на сите ни недостасува времето на Парнели Џонс, кој се тркаше насекаде околу светот. Андрети исто така. Мислам дека има шанса тоа да се врати. Мислам дека ќе биде секојдневие возачите подоцна во своите кариери да го прават тоа.

Јас дефинитивно би го направил тоа. Кога ќе завршам со трките во НАСКАР, не сум завршил со тркањето.

45 годишен возач во Формула 1? Мислам дека тоа се нема случено. Но ќе го оставам како опција – додаде Џонсон.


ОСТАВИ КОМЕНТАР

Внесете го вашиот коментар
Внесете го вашето име тука

Внесете го точниот резултат. * Time limit is exhausted. Please reload CAPTCHA.