Според некои извори во Германија, развојот на агрегатот на Хонда за 2019 година веќе наишол на проблеми.

Според Auto Build, соработката на јапонскиот производител со водечката компанија за симулација и тестирање, АВЛ, е прекината поради несогласување помеѓу програмскиот менаџер на АВЛ и инженерите на Хонда. Хонда ги користат иновативните системи на АВЛ, претходно испробани од Ферари за развојот на моторите на Скудерија Ферари, со цел да се потврди и подобри развојот на моторот.

Хелмут Марко од Ред Бул го потврди раскинот помеѓу Хонда и АВЛ, но австриецот отрки дека гуруто за мотори, Марио Илиен, е ангажиран за да и помогне на Хонда во нивните напори да разрешат сериозен проблем со вибрациите поврзани со моторот за внатрешно согорување.

Извештајот на Auto Build истакнува дека проблемот ги спречил Хонда да го користат својот агрегат во целосен капацитет, што го ограничува неговиот потенцијал.

За овој проблем се превземени соодветни мерки. Хонда веќе го надминаа Рено и ќе бидат подобри во 2019 година. Макс Верстапен има се што треба за да успее. Тој се подобрува цело време и изгледа дека нема граници за него! – вели Марко.


ОСТАВИ КОМЕНТАР

Внесете го вашиот коментар
Внесете го вашето име тука

Внесете го точниот резултат. * Time limit is exhausted. Please reload CAPTCHA.