Оперативниот директор на Форс Индија, Отмар Шафнауер, вели дека екипата ќе биде во можност да донесе нови подобрувања на болидот веднаш штом се разјасни ситуацијата околу нивниот сопственик.

РЕКЛАМЕН ПРОСТОР

Тимот влезе во административен период минатиот Петок, пред Унгарското Гранд При, по постапка која започна од нивниот возач, Серхио Перез.

Форс Индија имаат готови дизајни подготвени за производство, но поради финансиските потешкотии не се во можност да ги донесат во последните неколку недели. Унгарското Гранд При, кое требаше да биде посилна трка за нив, резултираше со најлошиот исход за Окон и Перез досега во сезоната.

Финиш на 13то и 14то место не е одлично. Не заостанувавме толку многу, можеби две до три десетинки од екипите во средината.

Но, немавме перформанси. Мора да донесеме подобрувања, а по тоа ќе бидеме побрзи. Дизајните се готови, само треба да ги платиме снабдувачите кои треба да почнат со изработка.

Тоа не се случува преку ноќ, но ќе успееме во плановите. Би требало да имаме добри подобрувања, значителни, но времето ќе покаже – вели Шафнауер.

На трката пред летната пауза, техничкиот директор на Форс Индија, Ендру Грин, истакна дека тој верува во можностите на Форс Индија да се борат за 4то место, но дека подобрувањата се неопходни.

Постојат неколку тимови во средината кои ги разменуваат позициите и освојувањето на поени. Треба една неверојатна трка за некој да биде недостижен или да се елиминира другата екипа, тоа е нивото на конкурентност во моментов.

Ако донесете нови делови на болидот и го направите побрз, ќе се движите напред.  Ако не донесете нови делови, се движите наназад, бидејќи сите останати носат – вели Грин.


ОСТАВИ КОМЕНТАР

Внесете го вашиот коментар
Внесете го вашето име тука

Внесете го точниот резултат. * Time limit is exhausted. Please reload CAPTCHA.