Во пресрет на Големата награда на Сингапур низ социјалните мрежи протекоа слики на кои се покажува можниот изглед на болидите по 2021 година откако на сила ќе стапат новите правила. Од страна на организаторите на трката во Сингапур во Среда навечер бил организиран семинар на кој Спортскиот директор на Формула 1, Рос Браун, претставил визија за изгледот на болидите.

Иако семинарот се одржал зад затворени врати, слики од концепт болидите брзо преоциркурирале на социјалните медиуми. Концептот се појавува во екот на финализирање на новите правила со цел да се направи тркањето повозбудливо и да се прилечат повеќе фанови.

Болидот со шари на Ферари вклучува неколку дизајнерски разлики во однос на денешните болиди вклучително и 18-инчните тркала кои се официјално објавени во најновиот Тендер објавен од ФИА. Предните крила се поедноставно, но поагресивно изгледаат со повисок страничен дел. Школката околу страничниот дел е многу поедноставна, а поклопецот на моторот и задното крило изгледаат како да се споени.

Сеуште е нејасно дали ДРС е вклучен во дизајнот на болидот затоа што Рос Браун не пропушта да каже дека не ја сака таа помош при претекнувањето. Задното крило е интегрирано околу задните тркала што е и безбеден елемент за болидите да не “пролетаат“ еден преку друг.


ОСТАВИ КОМЕНТАР

Внесете го вашиот коментар
Внесете го вашето име тука

Внесете го точниот резултат. * Time limit is exhausted. Please reload CAPTCHA.