Советникот и Амбасадор на Рено, Алан , откри дека француската фабричка екипа не жали што следната година нема да соработува со Ред Бул, кои се решија од 2019 година да користат мотори на Хонда, откако претходно вината за своите неубедливи резултати ја бараа во моторот.

Четирите години кои претходеа на турбо хибридната ера минаа во знакот на четири последователни титули за Ред Бул Рејсинг и тогаш нивниот возач Себастијан Фетел. Но, од 2014 година, екипата од Милтон Кинс се мачи да победува и сметаат дека вината е слабиот мотор кој го добиваат од Вири.

Кристијан Хорнер, шефот на екипата и доктор Хелмут Марко, советникот во тимот, не пропуштаат да потенцираат дека имаат одлични возачи и фантастична шасија, но моторот е тоа што ги разочарува.

Рено “го украдоа“ Даниел Рикардо за следната година и се надеваат дека тоа во комбинација со намалениот притисок поради отсуството на Ред Бул ќе им донесе подобри резултати.

да бидеме искрени, не бевме среќни што тие заминуваат од позицијата на наши муштерии. јас имам одличен однос со нив дури и кога не критикуваат нас и начинот на комуникација. свесни се дека претеруваат, го знаат тоа, но тоа е нивниот начин на работа – изјави прост за француси L’Equipe.


ОСТАВИ КОМЕНТАР

Внесете го вашиот коментар
Внесете го вашето име тука

Внесете го точниот резултат. * Time limit is exhausted. Please reload CAPTCHA.