Четирикратниот Формула 1 првак, Алан Прост, изјави дека старо-новиот шампион, Луис Хамилтон е најдобар возач од својата генерација откако овој ја обезбеди својата рекордна 5та титула во Мексико.

Општо прифатено е мислењето дека Прост е еден од најдобрите возачи во спортот, а  во својата кариера се тркаше против Аиртон Сена, Нелсон Пике и Најџел Мансел, но смета дека денешниот спорт не се споредува со тогашниот.

Секако дека секој шампион е различен. Тоа што најмногу ме воодушевува кај Луис е тоа што самиот се тера да стане уште подобар возач. Веројатно ова беше негова најдобра сезона, а сеуште може повеќе.

Дури и ако неговиот болид не беше секогаш најбрз, тој успеваше да ја зграби укажаната можност и да направи нешто посебно како на пример на квалификациите во Сингапур.

Екипата го поддржува Луис на посебен начин што му дава самодоверба и голема сила. Тоа е многу важно за него – смета Прост.

Вистина е дека Мерцедес му дозволува на Луис да прави што сака надвор од Формула 1, да промовира своја линија со Томи Хилфигер, да промовира кампања за намалување на пастичниот отпад, да се појавува на црвениот тепих … Тој секогаш објаснува дека сака да е зафатен и кога не се трка и дека тоа го прави подобар возач.

Запрашан како го рангира Луис во конкуренција на себе си и Аиртон Сена, Професорот смета дека тоа е многу тешко прашање.

Не може да се споредуваа различни генерации. Сена и јас веројатно бевме најдобри од нашата генерација, а сега Луис е најдобар од својата. Себастијан Фетел исто така имаше одллична сезона, но не беше доволно добар за да го победи Луис и направи некои грешки во погрешно време како во Баку и Хокенхајм. Во спротивно ќе имаше 30 поени повеќе и далку помал притисок.

Годинава, исто така, Луис успеа и психолошки да го надигра Себ. Дефинитивно созреа и со оглед на условите, невозможно е да се победи – заврши Алан.


ОСТАВИ КОМЕНТАР

Внесете го вашиот коментар
Внесете го вашето име тука

Внесете го точниот резултат. * Time limit is exhausted. Please reload CAPTCHA.