Четирикратниот Формула 1 првак, Алан , изјави дека пристигнувањето на Даниел Рикардо во Рено ќе го однесе тимот во друга димензија.

Професорот е специјален советник на францускиот производител и верува дека веќе поранешниот возач на Ред Бул ќе донесе многу корисни информации со себе во екипата. Австралијанецот ќе биде партнер на Нико Хулкенберг, а изминатите години има победи на 7 трки со мотор од Вири.

прво морам да кажам дека сме задоволни од нашите возачи кои ја одработеа 2018 година, многу сме задовони од карлос саинз. но, сигурни дме дека даниел нема да ни донесе дополнителна мотивација, затоа што тоа не ни треба, но ќе донесе многу работи кои ќе бидат од огромна помош на екипата. ќе ни донесе информации кои ќе го однесат тимот во друга димензија – најави прост.

Француската легенда е свесна дека Рено пропуштиле некои можности лани, но во исто време е убеден дека ќе напредуваат многу оваа година, особено со својот мотор. Прост смета дека екипата успешно го остварила планот и стигнала до 4то место во поредокот, а во исто време рано го свртела фокусот кон оваа сезона.

секоја екипа има свои подеми и падови, можеби летоска не бевме онаму каде што сакавме од различни причини, но се вративме силни. во однос на моторот бевме малку подобри одошто во однос на шасијата и имаше само мали можности кои можеше да се искористат.

но, наша цел беше да бидеме 4то место, односно најдобри по топ 3 екипите и сакавме да сме колку што може поблиску до нив. тешко е да се стигне до тоа затоа што рано одлучивме да се сконцентрираме на следната сезона и да не се посветуваме многу на развојот во тековната, особено во однос на моторот.

всушност го направивме токму тоа што го сакавме, а следен чекор е дополнително приближување до врвните три екипи – најави прост.

За крај, французинот констатира дека не е лесно во Формула 1 да имате константен напредок секоја година.

не може долго време да се задржите на нагорна линија во однос на напредокот. можеби некои трки носат разочарување, но добро е што екипата се враќаше по лошите изданиј и тоа е исправен пристап. тешко е да се направи уште еден исчекор и да се стигне до најсилнит екипи. понекогаш е тешко да се прифати дека ферари и мерцедес дополнително силно се подобруваат со моторите, така што мораме да напредуваме, нема друг – заврши алан.


ОСТАВИ КОМЕНТАР

Внесете го вашиот коментар
Внесете го вашето име тука

Внесете го точниот резултат. * Time limit is exhausted. Please reload CAPTCHA.