Четирикратниот првак, францускиот “професор“ Алан , изјави дека на Луис Хамилтон му е потребно различен вид на мотивација за наредната сезона откако ја обезбеди петтата титула годинава.

Прост изјави дека тоа што ги срушил рекордите на Себастијан Фетел му било мотивација оваа година, но тоа нема да го држи во иднина. За него сега следна цел е Михаел Шумахер.

Сите мислевме дека тоа е невозможно. Секогаш кажував дека ако си Себастијан или Луис нема да имате проблем со мотивација. поради тоа што се четирикратни шампиони тие ќе се борат меѓу себе за да дојдат до петтата титула. Тоа е лична работа.

Сега е цел седум титули или не? Мислам да се биде светски шампион е цел, но ќе видиме што ќе се случува наредната година. Ова е прв чекор и тоа е лична одлука. Кога имате пет а мислите на шест зошто да не мислите на седум или осум.

Понекогаш имате промена на правилата и тоа ви е дополнителна мотивација, бидејќи не знаете тимот како ќе се справи со тоа а сезоната е долга. Затоа е тешко да се каже. Се будите еден ден и се прашувате што сега. Никој не знае – објасни прост.

Французинот не би сакал да го споредува Хамилтон со поранешните Формула 1 шампиони низ историјата.

Тешко е да се споредуваат различни генерации, бидејќи е тешко да се споредуваат различни шампиони и нивното ниво на перформанси и издржливост која е голем проблем. Денес е различно и не треба да се зема здраво за готово. Луис е сигурно еден од најдобрите ако не и најдобар во неговата генерација. Тешко е да си шампион секоја година.

Алан смета дека Хамилтон завршил одлична работа за да дојде до титулата оваа сезона, во која многумина сметаат дека нема доминантен пакет за себе.

Ова беше негова најдобра сезона бидејќи имаше голема конкуренција уште од почетокот. Кога ги прашувате возачите како да станат шампиони кажуваат дека треба да се прифати да се заврши и втор и трет и четврт.

Има некои места каде може да ти е потребно време да дојдеш до пол позиција како Сингапур. Некогаш и имаше среќа.

Себастијан направи неколку грешки но сепак остана мотивиран. Ферари направи многу грешки како Баку, Германија и Кина. Тогаш што правите? Им правите поголем притисок? Тоа е причината зошто толку беше добар Луис и Мерцедес.


ОСТАВИ КОМЕНТАР

Внесете го вашиот коментар
Внесете го вашето име тука

Внесете го точниот резултат. * Time limit is exhausted. Please reload CAPTCHA.