Промотерот на Канада задоволен од Либерти Медиа

120

Франсоа Думонтие, промотерот на Канадското Гранд При во Монтреал, вели дека е среќен со активностите на Либерти Медиа досега како сопственик на коменцијалните права на Формула 1.

Думонтие признава дека соработката со новите сопственици е далеку од партнерството кое го уживал со Берни Еклстон, кој “вршел се самиот“.

Кога Либерти ги превземаа работите, работите се променија, тоа е сигурно. Тие имаат искуство во медиумскиот свет, со менаџмент на настани и ги слушаат промотерите. Тие веќе прифатија некои идеи кои ги приложивме и ги имплементираа на неколку трки.

Од Берни наследија празна основа и мораа да ја постават целата структура, да основаат департмани, да најмат луѓе. Сите сеуште учат, но прогресот е очигледен – вели Думонтие.


Промотерот на Канада задоволен од Либерти Медиа

1 Коментар

Внесете го точниот резултат. * Time limit is exhausted. Please reload CAPTCHA.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>