Промени во Заубер, Алфа Ромео се поблиску до превземање

308

Последните промени во сопственичката структура на Заубер може да значат дека компанијата Алфа Ромео е чекор поблиску до целосно превземање на Формула 1 екипата од Хинвил. Швајцарците ги засилија врските со Ферари на крајот на минатата година кога склучија комерцијален и технички договор со Алфа Ромео согласно кој ќе добиваат мотори и менувачи од Маранело.

Минатите две години, поточно од летото 2016 година, Заубер премина од рацете на Питер Заубер и Мониша Калтенборн во рацете на инвестицискиот фонд познат под името Лонгбоу Фајнанс.

Според швајцарскиот везник Handelszeitung, деновиве се случила нова промена во акционерската структура по што компанијата Ислеро станала сопственик на екипата.

Ислеро инвестмент ја превзема позицијата на Лонгбоу Фајнанс. Заубер ќе остане независна екипа во догледно време – потврди првиот човек на Лонгбоу, Паскал Пичи.


Промени во Заубер, Алфа Ромео се поблиску до превземање

Внесете го точниот резултат. * Time limit is exhausted. Please reload CAPTCHA.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>