Промените во сетапот го “зезнале“ Ботас

208

Валтери Ботас дека направил промени во сетапот во однос на петчните сесии, промени кои не ги дале очекуваните перформанси и тој останал позади конкурентите. Финецот се мачел со балансот во кривина и општо на својот болид во текот на петочните сесии, по што направил промени во пресрет на Т3 и квалификациите.

Тој немал чисти кругови во пресрет на квалификациите, а својот прв обид во последниот квалификациски сегмент го утна уште во првиот круг. Поради тоа, морал да извози конзервативен втор летечки круг и да го повлече својот колега Хамилтон што значи дека не можел да нападне за пол позиција.

Дежок ден за мене, се обидовме со некој промени на Т3 во однос на вчерашниот ден, бевме подобри на кривините, но загубивме перформанси на кочење. Стана лесно да се погреши и да се закочат тркалата. Немав чисти кругови утрово на последна сесија, на квалификациите константно се подобрував, но имав лош прв круг во К3 и загуби половина секунда на првиот свиок.

Беше тешко да се поправам во вториот летечки круг затоа што ми требаше добро и стабилно време за да обезбедам 4то место и не можев да напаѓам.

Овдека се е навистина многу брзо со мала потисна сила, многу качување по тротоарите на шиканите и на излезите од кривинтие поради што ви треба голема стабилност. Тешко е и мислам дека го немав вистинскиот сетап – анализира Ботас.

И покрај тоа што се пласираше на 4то место по квалификациите, тој е убеден дека може да нападне утре без да го загуби 4то место од позади, а како план е и алтернативна стратегија како можност за подиум.

Поминаа само квалификациите, трката е утре и ќе дадеме се од себе да ги ставиме Ферари под притисок и да ги предизвикаме. Ќе видиме дали тоа ќе биде со стратегија или ќе имаме интересен прв круг затоа што ќе се влечеме до првата кривина – најави Ботас.


Промените во сетапот го “зезнале“ Ботас

Внесете го точниот резултат. * Time limit is exhausted. Please reload CAPTCHA.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>