ФИА го продолжи рокот за поднесување на понуди за снабдувач со менувачи во Формула 1 од 2021 година.

Минатиот месец Федерацијата  објави Оглас за прибирање на понуди за менувачки касети за периодот од 2021 година до 2024 година, а оригиналниот краен рок беше 14 Март, но истиот сега е продолжен.

со цел а ги охрабриме потенцијалните понудувачи, фиа го продолжи крајниот рок за поднесување на понуди до 19 март – објавија од фиа.

Другите рокови, како оној во кој ФИА треба да го избере победникот, не се променти. Според објавите, ФИА се свесни дека имало барем еден потенцијален учесник на Тендерот кој не успеал да ја подготви својата понуда на време. Со имиња за сега не се шпекулира, но медиумите пренесуваат дека постои Формула 1 екипа која сакала да даде своја понуда, но не успеала.

Засега е познато дека само Икстрак (Xtrac) доставиле своја понуда, но тие го најавија истото многу брзо откако тендерот беше објавен.


ОСТАВИ КОМЕНТАР

Внесете го вашиот коментар
Внесете го вашето име тука

Внесете го точниот резултат. * Time limit is exhausted. Please reload CAPTCHA.