Втората ДРС зона на Автодромот Хозе Карлос Паце во Сао Паоло е продолжена за 100 метри за овогодинешното издание на Големата награда на Бразил.

ФИА сезонава експериментираше со бројот и должината на ДРС зоните на различни трки со цел да го подобри квалитетот и д го зголеми претекнувањето на трка.

Од 2017 година на Интерлагос има две ДРС зони, првата на Reta Oposta со активација 30 метри по Curva do Sol и точка на детекција на врвот од вториот свиок од комплексот Senna S.

Втората детекциска точка останува 13 метри по 13от свиок, но точката на активација е поместена од 60 метри пред 15та кривина на 160 метри пред кривината. Значи втората ДРС зона е продолжена за цели 100 метри.


ОСТАВИ КОМЕНТАР

Внесете го вашиот коментар
Внесете го вашето име тука

Внесете го точниот резултат. * Time limit is exhausted. Please reload CAPTCHA.