Проблем со седиштето за Сироткин во Шпанија

96

ПРоблем со седиштето во болидот на Сергеј Сироткин за малку ќе го паркирал русинот надвор од трка последниот викенд во Шпанија. Возачот Вилијамс мина недопрен во карамболот од првиот круг, но се мачеше цела трка и имаше неконкурентни времиња.

Ова е најтешка трка досега во мојот живот, дури и не би рекол дека беше трка. Имав добар старт, добро тргнав, а потоа забавив со извртувањата во 3от свиок од патеката и не ни можев да видам на каде се движам. Потоа навистина се мачев со удобноста во седиштето од болидот. Тој проблем го имаме од почетокот на годината и немавме можност соодветно да го испитаме и да го подобриме, направивме некои помалу промени, но мислам дека не се вистинските. Овојпат проблемот беше голе, се мачев да останам во болидот – откри Сироткин.

Русинот давал се од себе да ја задржи концентрацијата и да се фокусира на работата која претстои.

Јасно е дека не можете да претекнуват на оваа патека, ние немавме добра трка, но бевме во гужвата. Ова дополнето со болното чувство кое го имав во самиот болид не можев да се надевам на добар резултат. Направив грешка и на рестартот по Безбедносното возило кога се извртев, така што до крајот можам само да кажам дека преживував.

По трката минавме 40 минути во гаражата барајќи начин да го подобриме седиштето и веќе најдовме некои ситници кои може да тргнат на подобро. Мислам дека за Монако ќе биде многу подобро одошто денеска – смета Сергеј.


Проблем со седиштето за Сироткин во Шпанија

Внесете го точниот резултат. * Time limit is exhausted. Please reload CAPTCHA.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>