Пјетро Фитипалди конечно ја доби својата шанса да го тестира болидот на Хаас на патеката Јас Марина на првиот ден од тестот за Пирели.

Откако беше најавен како развоен возач на Хаас минатиот месец, Фитипалди, внук на поранешниот светски шампион Емерсон Фитипалди, седна позади управувачот на ВФ-18.

Бразилецот извозе 56 кругови во текот на денот, со најбрзо време од 1:39.201 и пласман на 8та позиција. Неговото време беше поставено со хиперсофт пневматици.

Поради првото возење на Формула 1 болид, Фитипалди нестрпливо излезе на патеката, но 17 кругови покасно тој имаше откажување на електрониката во агрегатот на Ферари, слично како проблемите поради кои Кими Раиконен се откажа во трката во Абу Даби. Тоа доведе до подолга пауза додека се вгради нова агрегатна единица, а тој се врати на патеката на 2 часа пред крајот на сесијата. Во тој период успеа да извози 38 кругови.

Беше неверојатен ден. Многу сум среќен со моето прво возење на Ф1 болид. Моќта на сопирачките, забрзувањето, брзината низ свиоците, едноставно е лудо. Болидот е толку брз. Залепен за земјата. Потисната сила е неверојатна. Имавме мали проблеми на почетокот на денот, но тимот успеа да ги поправи.

Тие навистина завршија добра работа, а во попладнето поминавме низ целиот план. Ги споредивме пневматиците од 2018 година со тие за 2019 година. Се обидов да споделам информации со инженерите. Тимот ми даде одлична шанса да тестирам за нив наредната година. Ќе научам колку можам, но ќе им помогнам со развојот на болидот за 2019 година и низ сезоната. Ова беше навистина добар тест – изјави Фитипалди.


ОСТАВИ КОМЕНТАР

Внесете го вашиот коментар
Внесете го вашето име тука

Внесете го точниот резултат. * Time limit is exhausted. Please reload CAPTCHA.