Проблеми во првиот круг го чинеле Рикардо подобар пласман

87
   

Даниел Рикардо се бореше низ гридот од 18та стартна позиција за да го заврши Руското Гранд При на шесто место, но сепак трката ја оценува како анти-климатична.

Неговиот тимски колега, Макс Верстапен, имаше неверојатен поход до петто место, дури водеше во повеќе од половина од трката. Како споредба, Рикардо мораше да се бори за секоја позиција и поради тоа неговиот напредок не беше толку очигледен.

Причина за тоа беше фактот што неговиот болид беше оштетен на предното крило при контакт во првиот круг.

Изгубив во првиот круг. Не се сеќавам што точно се случи. Очигледно не бев толку напред во однос од каде стартував по 10от свиок. Потоа бев повлечен од мислам болид на Мекларен. Само што го претекнав, имаше некои остатоци на патеката, удрив во нив, немав време да реагирам.

Првиот круг не беше добар, а потоа го оштетив и предното крило. Не можев да ги избегнам остатоците.

Во првиот дел од првиот круг, сакам да погледам снимка и да видам дали може да научам нешто од тоа, или пак дали беа само околности кои ме спречија да напредувам повеќе. Би сакал да мислам дека има простор за подобрување – вели Рикардо.

Даниел мораше да вози со оштетено крило се до своето влегување во 39от круг, кога и конечно истото беше заменето.

Реално, единствена друга позиција која беше достапна, беше таа на Макс. Беше помалку осамено на крајот. Се надевам нема да биде така во Јапонија.

Можно е бидејќи е тешка патека за претекнување. Не сакам да звучам негативно, но може да биде ситуација “каде се квалификувам, таму ќе завршам“.

Ако е единечен подиум, ќе бидеме задоволни. Ќе видиме. Моментално Мерцедес се навистина силни. Имаат темпо на секоја патека. Тие се болидот кој треба да го поразиме, така што ќе биде тешко против нив во Сузука, но се надевам дека ќе имаме борба со Ферари – додаде Рикардо.


Проблеми во првиот круг го чинеле Рикардо подобар пласман

Внесете го точниот резултат. * Time limit is exhausted. Please reload CAPTCHA.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>