Проблемите со Ф1 логото продолжуваат

336

Формула 1 и Либерти МЕдиа ќе мора да платат оштета на 3М, компанијата која ги произведува познатите Post-It-Notes, откако од нив беа обвинети дека новото лого согласно ребрендирањето на тркачката серија, многу потсетува на лого од нивни производ.

Новото лого на Формула 1 потсетува на Футуро гамата на производи на 3М кои се однесуваат на медицински и терапевтски помагала.

3М го имаат заштитено своето лого во Февруари 2017 година додека Формула 1 истото го направи во Ноември истата година, така што компанијата е во предност пред тркачката серија.

Апликацијата за заштита на сопственоста на Формула 1 покрива вкупно 26 од можни 45 категории вклучително и облека, но не и облека каква што се продава под брендот Футуро.

За 3М се работи повеќе за принцип одошто за пари затоа што американската компанија лани имаше профит пред даноци од 7,5 милијарди долари од вкупно 31,7 милијарди долари приход за 2017 година. Повторна промена на логото на спортот ќе донесе не само дополнителни трошоци туку и огромен удар врз имиџот на најпрестижното тркачко натпреварување.


Booking.com

Проблемите со Ф1 логото продолжуваат

4 коментари

4 коментари

Внесете го точниот резултат. * Time limit is exhausted. Please reload CAPTCHA.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>