Ивицата во форма на “кобасица“ која беше додадена на излезот од предпоследниот свиок во Абу Даби, е поправена, но најверојатно нема да има целосна промена до трката следната година.

50 метри долгата ивица беше додадена помеѓу последните свиоци пред овогодинешното Гранд При. Сепак истата беше востановено дека не ги почитува стандардите на Формула 1 од страна на Роман Гросжан откако почна да се распаѓа за време на слободните тренинг сесии и доведе неколку болиди да лизгаат по истата доколку возеа прешироко.

Естебан Окон од Форс Индија истакна дека не е квалитетно изработена.

Би требало да е подобра на саботните сесии, Но нема потреба да биде толку висока. Најверојатно ќе изгубите повеќе време поминувајќи над истата, но проблемот е што ако поминеме сега над неа, може да го оштетиме болидот и е опасна – вели Окон.

По вечерните поправки, ивицата ќе биде намалена за наредната година.

Мора да го почитувате излезот повеќе. Мене ми се допаѓа. Можеби е малку превисока, особено ако возите над неа и во тој случај сте само патник. Мора да се осигураме дека болидите нема да се оштетат – изјави Брендон Хартли од Торо Росо.

Пјер Гасли го подржа мислењето на Роман Гросжан, истакнувајќи дека треба да се направи ревизија.

Ја дискутиравме и несреќата која се случи во Макао. Во тој случај, ивицата не помогна, бидејќи само го покрена болидот во воздух.

Треба да разгледаме поинакви опции од вакви ивици. Исто е и на други патеки, се лизгате и летате во воздух. Ве спречува да одите прешироко, но во одредени случаи не е безбедно – вели Гасли.


ОСТАВИ КОМЕНТАР

Внесете го вашиот коментар
Внесете го вашето име тука

Внесете го точниот резултат. * Time limit is exhausted. Please reload CAPTCHA.