го откри својот болид за 2019 година преку социјалните мрежи, болид на кој највпечатливи се новите правила.

Хаас беа први кои преку слики го покажаа својот адут за претсојнава година, но црната боја затскри многу од промените кои ВФ19 ги има на себе. Торо Росо својот СТР14 го прикажа со драстично променети странични крила согласно новите правила, но бојата останува иста.

РЕКЛАМЕН ПРОСТОР

Тимот од Фаенца ланската сезона ја заврши на 9то место кај конструкторите, но сезонава ќе има многу поголема соработка со Ред Бул и ќе користи многу повеќе делови од нивниот болид.

целта е секогаш да се подобруваме за да се тркаме на највисоко ниво, а зимава интензивно работевме на организациски промени кои се надеваме дека ќе ни донесат резултати многу скоро. ги анализиравме внатрешните процедури за да ја оптимизираме нашата сила и да ја минимизираме нашата слабост.

споредено со другите екипи, торо росо има мал персонал, но синергијата со ред бул за дозволените делови, сега кога и тие имаат исти мотор, ни остава повеќе време за технчки работни групи кои се грижат за деталите. вниманието кон деталите прави разлика и носи перформанси – најави .

Франц појасни дека компонентите од моторот на Хонда се исти кај нив и кај сестринскиот тим од Милтон Кинс, а најголем дел од останатите делови ќе бидат со ланска спецификација поради тоа што не се во состојба да го следат развојот на Ред Бул.

имаме одлични техничари кои се грижат за дизајнот во фабриката како и издржливоста на ланските делови по што сме во одлична ситуација за развој сезонава.


ОСТАВИ КОМЕНТАР

Внесете го вашиот коментар
Внесете го вашето име тука

Внесете го точниот резултат. * Time limit is exhausted. Please reload CAPTCHA.