го откри својот РС19 болид со кој се надева дека ќе ја намали разликата до трите најдобри екипи на Формула 1 гридот.

Даниел Рикардо ќе биде дел од тимот годинава крај Нико Хулкенберг, а французите се надеваат дека неговото знаење и искуство во комбинација со подобрувањата кои тие константно ги прават, ќе им се исплати и ќе имаат подобри резултати од лани.

се чувствуваме подготвено и сметаме дека е вистинско време да ви покажеме што се случува во позадина последните три години, нешто на што сме многу горди. кога одите во енстон ја чувствувате страста и посветеноста на тркањето.

првата фаза на планот беше обнова, како што видовте. буквално секој дел од фабриката е подобрен, ако не и целосно трансформиран, од воздушниот тунел, производствениот дел, чистата соба, делот каде се обработуваат податоците од трка, буквално се за да дојдеме на исто ниво со најдобрите.

во вири бевме по тактични, донесовме некои нови луѓе, набавивме нова опрема, дел од истата ќе пристигне наскоро, целосно нов и најсовремен динамометар целосно компатибилен со правилата од 2021 година и дополнително целосно нова зграда која треба да биде готова во 2020 година. се надеваме дека до тогаш ќе имаме целосно нов оддел за тркачкиот мотор. инвестиравме многу во енстон, продолжуваме во вири – гласи соопштението од рено.

РЕКЛАМЕН ПРОСТОР

Лани тимот заврши на 4то место кај конструкторите, но заостатокот зад Мерцедес, Ферари и Ред Бул е тоа што ги загрижува. Тие биле агресивни во развојот на својот РС19 болид поради што го финиширале колку што е можно подоцна за да добијат време за работа.

Моторот е целосно нов дизајн врз база на ланската Ц-спецификација која со успех ја возеше Ред Бул на крајот од сезоната.


ОСТАВИ КОМЕНТАР

Внесете го вашиот коментар
Внесете го вашето име тука

Внесете го точниот резултат. * Time limit is exhausted. Please reload CAPTCHA.