Премиерот на Малезија се надева дека Формула 1 трката повторно ќе се врати во неговата држава.

Патеката Сепанг во близина на Куала Лумпур беше специјално изградена за Формула 1, а првата трка беше возена во 1999. Во 2017 година владата одлучи да се повлече од договорот поради преголеми трошоци и да се сконцентрира на МотоГП.

РЕКЛАМЕН ПРОСТОР

Но, премиерот Тун Др Махатир Мохамад сега се надева дека Малезија повторно ќе биде домаќин на Формула 1 трка.

Се сеќавам на мојата посета на Есторил во Португалија која ме инспирираше да имаме слична патека во Малезија.

Малезијците сериозно си ја сфаќаат работата и се добро запознаени со моторспортот и инжинерингот позади болидите.

Добивме многу од трките на Сепанг и парите потрошени за патеката се исплатеа. Се надевам на трки во иднина и се надевам дека Формула 1 ќе се врати кај нас со целата нејзина грандиозност.


ОСТАВИ КОМЕНТАР

Внесете го вашиот коментар
Внесете го вашето име тука

Внесете го точниот резултат. * Time limit is exhausted. Please reload CAPTCHA.