Предното крило не го забавувало Макс

142

Макс Верстапен не смета дека штетата на предното крило која ја доби по контактот со Ленс Строл му попречила да го нападне Валтери Ботас за 2ро место на подиум. Холанѓанецот смета дека имал добар ден и дека не можел повеќе од подиумот до кој стигна.

Беше добра трка и мислам дека болидот одлично се држеше. Бев прилично изненаден со толку долгата прва серија на софт компонентата, што беше одлично за нас и мислам дека генерално перформансите беа добри. Дури и на медиум изгледавме конкурентни.

Болидот добро работеше, како што знаете многу е тешко да се претекне на патеката, но останавме во чекор со оние пред нас и имавме среќа што Кими се откажа.

Имав мал момент со Строл кога загубив дел од предното крило – објасни Верстапен.

Контактот со возачот на Вилијамс дојде кон крајот на Виртуелното безбедносно возило кога сит есе подготвуваа да продолжат со нормално темпо.

Знаев дека рестартот се ближи, но тој одеднаш забави, а со ладни гуми не можев никако да го ибегнам во целост затоа што предниот дел доста лизгаше.

Настрада предниот лев страничен дел од крилото на Макс и пред стјуардите да има наредат на Ред Бул да го повлечат и поправат болидот, спорниот дел се откачи и веќе не претставуваше опасност.

Ако треба да го отстраните оштетениот дел, тоа е одличен начин да го сторите тоа. Не ми пречеше многу, само малку при максималната брзина и при кочење кај големите кривини, но лесно контролирав.

Дури и да имав здраво предно крило, не верував дека ќе ги имав тие 5-6 секунди за да стигнам до Ботас, не. Тој беше предалеку, но морав да притискам затоа што Себастијан беше блиску зад мене. Се чини предното крило добро се покажа, не изгледа убаво, но добро работи.

По лошиот судар со неговиот тимски колега во Азрбејџан, Макс се надева дека Шпанија ќе ја врати неговата сезона на добра патека, особено поради тоа што новинтие на РБ14 болидот од викендов добро се покажаа.

Никоаш не е доволно со подобрувањата, но добро почнавме. Секако дека се што донесовме добро се покажа и тоа е секогаш добро и мислам дека се подобривме во сите области во кои сакавме.

Перформансит еопшто се подобри, но не толку од задниот дел. Последниот сектор видовте дека ни беше многу силен, што е одлично особено во пресрет на Монако.


Предното крило не го забавувало Макс

Внесете го точниот резултат. * Time limit is exhausted. Please reload CAPTCHA.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>