Екипата на Вилијамс се подготвува да тестира експериментална верзија од новото предно крило за 2019 година, неделава во Унгарија.

Формула 1 воведува правила за ново предно крило наредната сезона во обид да го зголеми бројот на претекнувања. Крилото ќе биде 200 милиметри пошироко и 25 милиметри подлабоко од оваа сезона, додека комплицираните додатни крилца ќе бидат отстранети.

Вилијамс и Форс Индија потврдија дека ќе го користат новото предно крило на дводневниот тест кој ќе се одржи на Хунгароринг. Ова ќе ја овозможи првата шанса да се види дизајнот во акција, дури иако е експериментален.

Тимскиот шеф на Вилијамс, Пади Лоув, потврди дека ќе тестираат развојни елементи во тестот, а најверојатно и крилото за 2019 година.

Мислам дека сите останати ќе пробаат слични работи. Ќе вршиме тестови околу правилата за наредната година.

Ова е последна можност, бидејќи не ни е дозволено да го правиме тоа во петочните сесии – вели Лоув.

Форс Индија исто така посочи дека планираат да го користат тестот околу делови за 2019 година, уште во Германија. Фотографија од новото предно крило веќе се сподели на социјалните мрежи. Ендру Грин, техничкиот директор на тимот, во Хокенхајм изјави:

Ќе тестираме некои делови во Унгарија, да ја потврдиме насоката во која се движиме, како и промените кои ќе ги предизвикаат овие нови правила.

Предното крило е клучно за да се доврши останатиот дел од болидот, промената е голем чекор. Сакаме да се осигураме дека развиваме во правилна насока – изјави Грин.

Сите тимови не се во можност да тестираат експериментални делови. Техничкиот директор на Рено, Ник Честер, изјави дека ги разгледуваат дизајните, но немаат спремен дел за патеката.

Ги разгледуваме, тестиравме неколку во тунел, но далеку сме од производство. Концептите сеуште се развиваат брзо, така што мислам дека е премногу рано за нас – вели Честер.


ОСТАВИ КОМЕНТАР

Внесете го вашиот коментар
Внесете го вашето име тука

Внесете го точниот резултат. * Time limit is exhausted. Please reload CAPTCHA.