Прво големо подобрување за очајниот Вилијамс

125
   

Вилијамс ќе го добијат првото и долго очекувано подобрување викендов за Британското Гранд При во обид да направат пресврт во досега очајната сезона.

Екипата која заврши на петто место во генералниот пласман минатата година, присвои нова филозофија  за дизајн на болидот во 2018 година, ФВ41, која се покажа како разочарувачка, а болидот како бавен на кој му недостасува потисна сила.

Досега тие освоија поени само на 1 трка, со пласманот на Ленс Строл на осмо место во Азербејџан и моментално се на последната позиција во генералниот пласман, 12 поени позади Заубер.

Строл и тимскиот колега, Сергеј Сироткин, единствениот кој не освоил поен во 2018 година, завршија на последните позиции во Австрија, со 2 круга заостанување позади Макс Верстапен.

Силна страна? Издржлив е – со насмевка изјави Сироткин.

Издржлив. Мислам дека има релативно ниво на потисна сила на правецот ако тоа има смисла. Тешко е да се процени. Дефинитивно е издржлив – вели Сергеј.

Строл од друга страна беше мошне директен во своето мислење за силната страна на болидот на Вилијамс.

Ништо!

Постојаноста не е присутна. Влеговме во К2 на некои трки, а потоа сме елиминирани во К1, со големо заостанување – вели Строл.

Сезоната е тешка за Вилијамс во обид да дознаат зошто очекуваниот чекор напред ги испрати на задниот ред од гридот, а во исто време да избегнат дополнителна штета за 2019 година.

Сироткин пред 2 недели во Франција истакна дека Вилијамс започнале програма за подобрување откако дознале за својата проблематична ситуација, а големото подобрување ќе биде имплементирано во неколку фази на следните трки.

Почнуваат да стигнуваат првите делови. Ако може да видиме подобрување, тоа барем ќе ни помогне во самодовербата дека правиме нешто добро.

Некои поголеми делови ќе следуваат подоцна, а во Силверстон ќе ги забележиме првите резултати и ќе дознаеме дали се движиме во правилна насока.

Сакаме подобрувањата да пристигнат на повеќе стабилен начин пред да почнеме да носиме големи делови – додаде Сироткин.


Прво големо подобрување за очајниот Вилијамс

Внесете го точниот резултат. * Time limit is exhausted. Please reload CAPTCHA.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>