Џорџ Расел ќе го има своето прво возење на болидот на Вилијамс на крајот на сезоната во постсезонскиот тест во Абу Даби на крајот на месецов.

Фаворитот за титула во Формула 2, кој потпиша повеќегодишен договор со Вилијамс, тестираше за Форс Индија и за Мерцедес годинава.

Сепак, за Вилијамс тој има возено само во симулаторот, пред да ги убеди да му доделат возачко место. Вилијамс не потврди официјално кој ќе вози за време на тестот, но техничкиот шеф, Пади Лоув, вели дека Расел “скоро сигурно“ ќе вози.

Јуниорот на Мерцедес е присутен на повеќето трки годинава во неговата улога како официјален резервен возач. На трката во Мексико тој беше присутен во гаражата на Вилијамс, а викендов во Бразил тоа не е променето.

Запрашан колку добро се вдомува во Вилијамс, Лоув го истакна следното:

Многу добро, да. Последните две трки тој беше со нас. Тој е многу возбуден, веќе многу учи и мислам дека тоа ќе му овозможи подобри услови за почеток.

Не сме објавиле кој ќе вози на тестот во Абу Даби, но скоро сигурно Џорџ ќе биде дел од тимот. По овие две трки, тој е во многу подобра позиција да го извлече максимумот од тие сесии – вели Лоув.

Вилијамс сеуште не потврдиле кој ќе вози во другиот болид покрај Расел. Моменталниот возач, Ленс Строл, се очекува да замине во Форс Индија, бидејќи неговиот татко сега е сопственик на тимот.

Расел и Строл најверојатно нема да бидат единствените нови возачи во нови екипи на тестот во Абу Даби. Кими Раиконен и Шарл Леклер се очекува да ги заменат своите места во Заубер и Ферари.

Моменталниот возач на Рено, Карлос Саинз, исто така сака да тестира за Мекларен, но Даниел Рикардо нема да вози за Рено, бидејќи Ред Бул го одбија тој предлог. Но екипата од Милтон Кинс најверојатно ќе му даде можност на Пјер Гасли, кој ќе биде замена за Рикардо од 2019 година.


ОСТАВИ КОМЕНТАР

Внесете го вашиот коментар
Внесете го вашето име тука

Внесете го точниот резултат. * Time limit is exhausted. Please reload CAPTCHA.