По 350 трки, Пирели задоволни од постигнатото

97
   

Големата награда на Британија минатиот викенд беше 350та трка ов Формула 1 за Пирели, а италијанците сметаат дека јубилејот е одбележан на одличен начин.

Видовме фантастично и непредвидливо Гранд При со многу различни стратегии и користење на сите понудени гуми. Првите пет позиции беа постигнати со различни серии на медиум и софт, а Нико Хулкенбер напредуваше дури 6 позиции на трка откако застана само еднаш и промени од медиум на харт.

Јасно е дека големо влијание на крајиниот резултат има и Безбедносното возило кое промени доста од планираните стратегии, но сите возачи се бореа од почеток до крај со секоја компонента на една од најтешките патеки за возење на календарот.

Се кулминираше со фантастично финале кое совршено ја покажа спектакуларната природа на Формула 1 на трката број 350 за Пирели – објасни Марио Исола.

Температурата на асфалтот се искачи до 50 степени, а Нико Хулкенберг имаше одлична серија од 32 кругови со сината хард компонента. Најбрзото време на медиум го постави Луис Хамилтон кој заврши на 2ро место, а Естебан Окон “истера“ дури 33 кругови на медиум.

Најбрз на софт и воедно на трката беше Себастијан Ветел, додека Роман Гросжан извозе дури 26 кругови на таа компонента.


По 350 трки, Пирели задоволни од постигнатото

Внесете го точниот резултат. * Time limit is exhausted. Please reload CAPTCHA.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>