По 10 години пауза, ридската трка се враќа во Крушево

2017

По десет годишно отсуство, ридско-брзинската автомобилистичка трка повторно се враќа во Крушево, како дел од манифестацијата “10 дена Крушевска Република“ која ќе се одржи на 4 и 5 Август.

Традиционалната и атрактивна патека се протега на патниот правец од село Острилци до Мечкин Камен во Крушево, со должина од 7,2 километри и истата оваа година повторно е дел од календарот на натпревари кои се бодуваат во државното првенство на Република Македонија во автомобилизам на ридски патеки.

Трката е во организација на Автомобилистичката Федерација на Македонија, ФИА, Тркачкиот Клуб АКК Скопје и Општина Крушево.

Првата тренинг сесија ќе се одржи во Сабота, 4 Август со почеток од 12 часот, додека вториот тренинг е закажан за 13 часот.

Во Недела, 5 Август, ќе се одржат традиционалните две возења. Првото е закажано да започне во 11:30 часот, додека второто возење е со старт во 13 часот.

ФОТО: Brzkrug.com


По 10 години пауза, ридската трка се враќа во Крушево

2 коментари

Внесете го точниот резултат. * Time limit is exhausted. Please reload CAPTCHA.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>