По 10 години, Рено со профит

128
   

Последните финансиски извештаи на Формула 1 тимот на Рено покажуваат дека по пауза од 10 години, французите работат со добивка. Најмногу благодарение на спонзорскиот договор со БП, приходите се зголемиле за 13,9% на 136,3 милиони фунти за 2017 година по што французите забележале профит од 1,1 милиони фунти, одличен резултат по ланската загуба од 3,3 милиони фунти.

Формула 1 екипите, особено оние фабричките, ретко прикажуваа профит и се што им е заработено го вложуваат во истражување и развој, а мајката компанија, односно производителот на автомобили, превзема обврска околу финансирањето. Според Daily Telegraph, лани бројот на вработени се зголемил од 95 на 606.

Во моментов Рено се најдобри од останатите со 19 поени предност пред Хаас, лани завршија на 6то место, откако во 2016 годиан кога беше нивниот камбек како фабричка екипа, беа 9ти. Поради тоа што ФИА ги дели наградите една година по пласманот, овогодинешниот пласман ќе биде видлив следната година.


По 10 години, Рено со профит

0 Коментари

Внесете го точниот резултат. * Time limit is exhausted. Please reload CAPTCHA.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>