ФИА во 2021 година ќе претстави нова верзија на наречена верзија 4 што ќе треба да биде поубава од моменталното, што предизвика многу критики од фановите.

Откако беше критикувано од фановите на почетокот на сезоната, на минатата трка во Белгија конечно се видоа придобивките од Хало кога Алонсо слета врз халото на Леклер.

Иако со моменталното хало не може да се види возачот, новата верзија треба да овозможи подобро искуство.

Продолжуваат истражувањата и најверојатно до 2021 ќе имаме поубава верзија но тоа не е главната причина поради која развојот трае.

Во однос на Леклер и Алонсо на Спа, Чарли Вајтинг изјави дека Хало е тестирано да издржи поголема тежина од еден болид.

Сеуште истражуваме, но најверојатно халото на Леклер претрпело удар со половина од тестната тежина. Немаше никакви проблеми за халото. Го извадивме и се беше во ред. Нема никакви пукнатини на него.


ОСТАВИ КОМЕНТАР

Внесете го вашиот коментар
Внесете го вашето име тука

Внесете го точниот резултат. * Time limit is exhausted. Please reload CAPTCHA.