По трансферот на Рикардо, што не очекува на пазарот на возачи?

1088

Со трансферот во Рено, Даниел Рикардо придонесе за голема непознаница на пазарот на Формула 1 возачи за 2019 година. По објавата на неговиот трансфер, падокот го исполнуваат многу отворени прашања …

Кој ќе дојде во Ред Бул?

За тимскиот шеф на Ред Бул, Кристијан Хорнер, не беше тајна желбата да го задржат Рикардо покрај Макс Верстапен и наредната сезона. Но Хорнер и сопственикот на тимот, Дитрих Матешич, не успеаја да го убедат австралијанецот да остане, ставајќи крај на 11-годишната соработка која датира од влезот на Рикардо во јуниорскиот тим во 2008 година.

Ред Бул би можеле да го вратат Карлос Саинз, кој го позајмија на Рено, а кој пак сега го загуби своето место за 2019 година. Врз основа на неговите перформанси годинава, тој е силен избор. Но Карлос и Верстапен имаа бурна соработка во Торо Росо и Ред Бул можеби ќе сметаат дека таквиот тандем е премногу ризичен.

Екипата имаа опција благодарејќи на својата програма за развој на млади возачи, односно Пјер Гасли, кој е еден од звездите оваа година. Неговите трки во Бахреин, Монако и Унгарија беа врвни, а французинот е значително подобар од тимскиот колега, Брендон Хартли.

Тие исто така би можеле да донесат и надворешен возач, но историски гледано, тоа никогаш не бил нивен стил. Со тоа, Гасли и Саинз се најверојатни опции.

Што ќе се случи со Карлос Саинз?

Освоени поени во 8 од 12 трки досега е добар резултат, но не беше доволен за Саинз да го задржи своето место во Рено по крајот на оваа сезона. Шпанецот има силни перформанси против тимскиот колега, Нико Хулкенберг, но не по прв пат во својата кариера, се наоѓа во несигурна позиција.

Многу неверојатно е дека ќе се врати во Торо Росо, но враќање во Ред Бул е можност. “Биковите“ имаат до Септември да одлучат дали ќе ја искористат опцијата во неговиот договор. По тој момент, тој е слободен агент.

Постојат неколку опции за Саинз на гридот. Форс Индија, Хаас, Мекларен, Заубер и Вилијамс, сите имаат слободни места за 2019 година, како што е моменталната ситуација. Мекларен сепак, изгледа како најдобра опција.

Дали Мекларен ќе има целосно шпански тандем, доколку Фернандо Алонсо остане и во 2019 година?

Што значи сето ова за Торо Росо?

Ако Гасли премине во Ред Бул, а Саинз го напушти семејството Ред Бул, Торо Росо ќе има барем едно слободно место, или можеби две, доколку не го обноват договорот на Брендон Хартли.

Според Autosport, конкурентот за титула во европската Формула 3, Ден Тиктум, е можна опција за следната сезона, а Хелмут Марко смета дека тој ќе биде подготвен до крајот на оваа сезона. Сепак, дури и да ја освои титулата, Тиктум нема да има доволно поени за да ја добие Формула 1 суперлиценцата.

Ниту еден исклучок не е направен откако се воведе системот на бодување во 2014 година, но ФИА ги разгледува критериумите секоја година и би можеле да направат исклучок за Тиктум.

Што ќе се случи со Естебан Окон и Форс Индија?

Рено веќе имале разговори околу Естебан Окон и негово враќање во екипата, откако тој имаше улога на резервен возач во 2016 година.

Сепак, таа врата е затворена откако Рикардо одлучи да потпише за французите. Тоа значи дека јуниорот на Мерцедес најверојатно ќе остане во Форс Индија, доколку тие успеат да најдат излез од лошата финансиска ситуација.

Негов колега најверојатно ќе биде Серхио Перез, која пак истакна дека тој ја започнал процедурата со административната ситуација мотивиран од желбата да го спаси тимот и 400те вработени.

Но тоа значи дека нема да има место за Ленс Строл, откако тој беше поврзан со трансфер од Вилијамс.

Што се случува во Мекларен?

Алонсо сеуште не донел одлука околу својата Ф1 иднина по 2018 година. Доколку остане, неговиот моментален тимски колега, Стофел Вандон, резервниот возач Ландо Норис и Карлос Саинз би имале меѓусебна битка за второто возачко место.

Вандорн не успеа да биде подобар од Алонсо во текот на нивната соработка, но изгледа дека ќе се подобри откако во Унгарија доби нова шасија.

Норис е втор во Формула 2 првенството, а Мекларен можеби ќе сакаат тој да помине уште една сезона во таа серија, пред да донесат одлука дали да го промовираат. Но тој би можел да заврши и во Торо Росо. Екипата од Фаенца му пристапила на Норис да се трка за нив до крајот на оваа сезона, но Мекларен ја одбиле понудата.

Дали ќе го позајмат на Торо Росо за 2019 година?


По трансферот на Рикардо, што не очекува на пазарот на возачи?

Внесете го точниот резултат. * Time limit is exhausted. Please reload CAPTCHA.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>