Фернандо Алонсо откри дека сеуште чувствува болка во десната рака како последица од минатомесечниот судар на стартот од Големата награда на Белгија. Во пресрет на првата кривина, Нико хулкенберг се прецени и се заби во задниот дел од болидот на шпанецот лансирајќи го во воздух преку болидот на Шарл Леклер.

Мислев дека брзо ќе ми помине, но во моментов чувствувам исто ниво на болка како и непосредно по сударот. Чудно е. Веројатно следната недела ќе направам некои дополнителни проверки, се надевам дека не е нешто скршено.

Кога возам поради нивото на адреналин и се останато се е во ред и не чувствувам буквално ништо. Но со нормалните секојднени работи имам проблем. На пример, кога ги мијам забите чувствувам болка – појасни Нандо.


ОСТАВИ КОМЕНТАР

Внесете го вашиот коментар
Внесете го вашето име тука

Внесете го точниот резултат. * Time limit is exhausted. Please reload CAPTCHA.