Карлос откри дека за него е важно да ја заврши добро оваа сезона со откако било потврдено дека нема да остане дел од екипата.

Во текот на летото, откако Ред Бул одбиваше да го ослободи од обврските, француската фабричка еипа потпиша со Даниел Рикардо, за потоа шпанецот Саинз да се вдоми во Мекларен. Тој е свесен дека има уште ве трки во жолто, но е доволно мотивиран да покаже се што може во фабричката екипа.

за мене по летната пауза ќе беше многу лесно да кажам “ајде да ја довршиме сезонава и да се сконцентрираме на следната“. Но. чувствувам дека имам обврска кон рено, сакам да завршам силно и најдов многу мотивација по летната пауза, по тркава во спа и сакам одлична сезона.

имам одличен однос со механичарите, со инженерите и со менаџментот овдека и проади тоа давам се од себе од старт до финиш за колку што може подобар резултат со рено.

тоа и се случува во моментов, имаме силни трки, болидот не е како на почетокот на сезоната во однос на перформансите, но и покрај тоа поените доаѓаат – задоволен е саинз.

Својот престој во Рено тој го одработува како позајмен возач од Ред Бул поради што се надеваше дека ќе продолжи во Енстон, но “биковите“ во клучниот момент не го пуштија и Рено му најде замена. Сирил Абитебул призна дека тимот, а не неговиот талент, биле пресудни што соработката нема да продолжи следната година.

трката во сузука, во монца, во сингапур беа одлични и давам одлични перформанси на квалификациите и на трката. беше само прашање на време кога ќе се дотера болидот по мој вкус, сетирањето ќе биде оптимизирано и чудните работи нема да се случуваат.

како одминувва сезоната сум се подобар одошто на почетокот и никогаш не се плашев дека нема да стигнам до тоа, знам дека беше прашање само на време.

јас никогаш нема да кажам ништо лошо за рено или рикардо како нивни возач. единствено жалам шт немам повеќе време со нив за да донесам подобри резултати, но ситуацијата ме донсе до одреден стадиум иако среќен и задоволен сум што ќе одам во мекларен со мотор на рено. знам дека ќе бидам успешен и таму.

развојот на ситуацијата ме натера да со одам од рено, но имав план б, а тоа беше мекларен. штом добив можност не се двоумев и знам дека е одлична можност за мене – појасни саинз.


ОСТАВИ КОМЕНТАР

Внесете го вашиот коментар
Внесете го вашето име тука

Внесете го точниот резултат. * Time limit is exhausted. Please reload CAPTCHA.