Од Мерцедес велат дека направиле напредок во разбирање на недостатокот на перформанси во Мексико каде Луис Хамилтон и Валтери Ботас не беа во можност да ги следат Ред Бул и Ферари во трката.

РЕКЛАМЕН ПРОСТОР

Хамилтон се пласираше на 4то место, доволно за да ја освои титулата, но со скоро 1 круг заостанување позади Макс Верстапен. Луис беше приморан да влезе во боксот два пати на трка која повеќето очекуваа само 1 влегување, додека Ботас, кој се пласираше на петто место и заобиколен за 1 круг, влезе 3 пати во боксот поради деградација на пневматиците.

Волф го опиша викендот како “слатко-горчлив“ откако ја освоија титулата во конкуренција на возачи, но изгубија поени од Ферари со кои сеуште имаат блиска битка во конкуренцијата на тимови.

Волф вели дека ги анализирале нивните перформанси и сега имаат подобро разбирање околу причината за нивните проблеми, а поради тоа се надеваат на камбек во Бразил, каде би можеле да ја освојат титулата во конкуренција на тимови доколку Ферари не освои 17 или повеќе поени.

Мексико беше “слатко-горчлив“ викенд и Не може да бидеме задоволни со перформансите. Квалификациите изгледаа ветувачки, но по само неколку кругови во трката, знаевме дека ќе имаме големи проблеми со пневматиците.

Почнавме да ги анализираме тие проблеми веднаш по трката и направивме напредок преку разбирање на предизвикот со кој бевме соочени. Важно е да го примениме наученото и да се вратиме силни во Бразил.

Наша цел оваа сезона е да ги освоиме двете титули, не една или друга, така што нашиот фокус е кон недовршената работа пред Сао Паоло.

Имаме голема битка во борбата за титула и ја изгубивме предноста пред Ферари на последните викенди, иако ги имавме перформансите да бидеме подобри.

Ова е момент кога треба да бидеме приземјени, да се фокусираме на целта и да веруваме во нашите процеси. Во кокпитот, знам дека и Луис и Валтери се одлучни да ја завршат сезоната на високо ниво и со перформанси кои ќе го покажат нивото на перформанси кои ги имавме годинава – изјави Волф.


ОСТАВИ КОМЕНТАР

Внесете го вашиот коментар
Внесете го вашето име тука

Внесете го точниот резултат. * Time limit is exhausted. Please reload CAPTCHA.