Мерцедес ќе го променат моторот на Валтери Ботас во пресрет на квалификациите откако финецот имаше проблеми во последните 60 минути пред. Неговиот Мерцедес застана крај патеата во делот кај стадонот на 15-тина минути пред крајот на Т3 сесијата.

РЕКЛАМЕН ПРОСТОР

Тимскиот шеф, Тото Волф, по крајот на сесијата предвиде дека е можно да се промени моторот, нешто што и се оствари.

Валтери во досегашниот дел на Мексиканскиот викенд користеше различен мотор во однос на оној со кој возеше и се тркаше во Америка, а во пресрет на квалификациите ќе му биде вратен тој мотор со кој стигна до 5то место во Остин.

Поради тоа што се работи за веќе користен мотор кој го има “на лагер“, промената е без казна, но Мерцедес ќе мора многу брзо да ја одработи промената за да тој може да се појави на квалификациите.


ОСТАВИ КОМЕНТАР

Внесете го вашиот коментар
Внесете го вашето име тука

Внесете го точниот резултат. * Time limit is exhausted. Please reload CAPTCHA.