Американската Формула 1 екипа, Хаас, информира дека имаат намера повторно да се жалат на одлуката на стујардите за Форс Индија.

Стујардите ја отфрлија жалбата и нагласија дека тимот Форс Индија е легален и моменталниот тим може да се трка со болид кој е направен од претходниот тим, Сахара Форс Индија. По оваа одлука Хаас има 96 часа да донесе одлука што ќе прави во иднина.

Шефот на Хаас, Гунтер Стаинер, изјави дека тие купуваат време со очигледната одлука поради комплицираната правна процедура за одлуката и сето тоа е одлучено пред тренинг сесијата.

Немав време да ја прочитам одлуката бидејќи тоа е огромен документ со објаснување. На крајот тие одлучија.

Ние поднесовме писмо за намери за жалба што не значи многу, но ни купува време за да прочитаме што се е напишано и да видиме дали има смисла да се жалиме или не.

Подоцна ќе знам повеќе, можеби на почеток на неделава и ќе зборувам со нашите правници за следните чекори. Не би донесувал некаков заклучок сега. Тоа треба да се среди по трката. Сега сакам најдобар резултат на последната трка и потоа ќе видиме како понатака – изјави гунтер стаинер.

Очигледно е дека Хаас изгубија денеска бидејќи во одлуката е правно објаснување од ФИА за новиот тим Рејсин Поинт Форс Индија. Ова треба да се покаже како доста вредна информација бидејќи Хаас ги продолжува разговорите со Формула 1 организацијата за тоа дали на Рејсинг Поинт треба да му се даде наградата.

Нашиот аргумент е дека тие се нов конструктор. Можеби не со нова лиценца, но тоа е без сомнение нов конструктор. На крајот се е за парите. Ние не сакаме повеќе пари само сакаме еднаквост. Чекавме две години како нов тим и тоа треба да е јасно за сите – заврши стаинер.


ОСТАВИ КОМЕНТАР

Внесете го вашиот коментар
Внесете го вашето име тука

Внесете го точниот резултат. * Time limit is exhausted. Please reload CAPTCHA.