Тимскиот шеф на Хаас, Гунтер Стаинер, верува дека Фернандо Алонсо не е во позиција да го суди однесувањето на другите возачи со оглед на неговите проблеми.

Алонсо и возачот на Хаас, Кевин Магнусен, имаа бизарен инцидент во последниот летечки круг од вториот дел од квалификациите, кога Алонсо се обиде да го претекне Магнусен по стартот на кругот.

Магнусен го претекна Алонсо пред Параболика и иако не се судрија, тие си ги уништија своите кругови, а Алонсо по тоа го истакна следното:

Постојат повеќе класи на возачи, а потоа постојат возачите на Хаас, кои го имаат третиот или четвртиот најдобар болид, а веќе се надвор од К2 – гласеше мислењето на Алонсо.

Стаинер, тимскиот шеф на Хаас, имаше свое видување на коментарите.

Фернандо отиде во Мекларен, а Мекларен не треба да се борат за да не испаднат од К1. Неможам да му помогнам тука. Јас не ја донесов таа одлука. Тој може да збори за себе, не за другите.Тоа е добра почетна точка во животот.

Моите возачи излегоа позади Алонсо и си помислив “Ах, еве сега …“, но не сакам да коментирам бидејќи ќе изгледам параноично, а потоа се случи инцидентот.

Мислам дека постои тренд, но Алонсо нема што да загуби, а ние имаме. На негов најдобар ден, тој неможе да не стигне. Дури и со најдобар слипстрим, невозможно е тоа. Ако Кевин го претекнеше пред Параболика, тој сигурно имал причина за тоа.

Незнам дали Фернандо би реагирал така и кон друг возач, тоа е прашање за него. Да, се жали, но се жали за сите, така поминува.

Стјуардите овојпат не сакаа да предизвикаат контроверзии и одлучија да не не казнат. Мислам дкеа тој не беше долго време со стјуардите. Можеби им недостасувал – додаде Стаинер.


ОСТАВИ КОМЕНТАР

Внесете го вашиот коментар
Внесете го вашето име тука

Внесете го точниот резултат. * Time limit is exhausted. Please reload CAPTCHA.