По лошата трка, Гросжан задоволен од тестот

68

Роман Гросжан е задоволен од брзото враќање во болидот во Барселона, поради тоа што сака да се врати во ритам по инцидентот од првиот круг на трката. По два инциденти за кои сам е виновен на последните две трки и добрите перформанси на тимскиот колега Магунсен, французинот се наоѓа под се поголем притисок.

По утринскиот дел од денот, Гросжан беше на врвот од поредокот, но на крајот падна на 4то место, иако извозе одлични 129 кругови.

Чувството беше супер добро и мислам дека беше многу важно да се вратам во болидот откако отпаднав по само три кривини на трката во Недела. Се надевам дека чувството ќе остане подеднакво добро и за Монако и остатокот од сезоната затоа што сум задоволен со работата која екипата ја заврши денеска.

Продуктивен ден за сит ево тимот, покривме многу километри без никаков проблем со болидот. Патеката утрото беше малку нечиста и поради тоа грипот помал, но стануваше подобра и имавме добри серии.

Завршивме добар тест со болидот, научивме многу за различните гуми и различното сетирање, нешто што немавме време да го направиме за време на тркачкиот викенд – објасни Гросжан.


По лошата трка, Гросжан задоволен од тестот

Внесете го точниот резултат. * Time limit is exhausted. Please reload CAPTCHA.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>