Себастијан Фетел е пријавен кај стјуардите на Бразилското Гранд При откако ја уништил опремата за мерење на ФИА со својот болид.

Тој се враќаше во боксот без време за да промени гуми во К2 квалификацискиот дел откако првиот инсталациски круг го мина на суперсофт, а Скудерија сакаа да стартуваат на софт за да имаат стратешка предност пред конкурентите. Но, штом влезе кај боксовите беше викнат на мерење, процедура која ФИА секогаш ја обавува.

Тој беше нетрпелив затоа што дождот беше се поблиску и најпрво закочи предоцна удирајќи во поставениот конус. Потоа го остави болидот запален и мафташе нетрпеливо со рацете додека официјалните лица на ФИА ја работа својата работа пред неговиот болид.

фетел одби да го исклучи моторот, болидот беше истуркан од мерниот мост, но болидот работеше и поради тоа не е возможно да се добијат точни резултати – објасни техничкиот делегат на ФИА, Џо .

Германецот продолжи да гестикулира од својот болид, а кога мерењето беше завршено самиот тргна накај својто бокс од мостот за мерење со што ја уништил опремата на ФИА.

возачот не ги следеше инструкциите и дополнително ја загрози процедурата за мерење. поради тоа ќе го пријавам кај стјуардите – дополни бауер.

На крајот Себастијан ги заврши квалификациите на второ место и ќе стартува крај Луис Хамилтон во обид да ја донесе конструкторската титула во Ферари. Но и Луис Хамилтон имаше две блокирања на брзи возачи зад себе во К2 сегментот така што стјуардит еверојатно ќе се позанимаваат и со него.


ОСТАВИ КОМЕНТАР

Внесете го вашиот коментар
Внесете го вашето име тука

Внесете го точниот резултат. * Time limit is exhausted. Please reload CAPTCHA.