По дождот во Петок, Ландо сака нова сесија од Мекларен

79

Ландо Норис сака да добие нова шанса во МЦЛ33 на Мекалрен на некој од следните тркачки викенди затоа што првата петочна сесија во Италија мина со малку возење поради дожд. Британецот го превзеде болидот на Стофел Вандорн за првите 90 минути од викендот, но не успеа да комплетира многу кругови.

По тренинг сесијата, Ландо даде изјава дека временските услови воопшто не биле на негова страна и дека би сакал да добие ноа шанса зад управувачот оваа сезона.

Се надевам на нова шанса затоа што немав многу шанса да возам поради времето, но не сум сигурен. Секако ќе давам се од себе и ќе барам шанса, но не зависи од мене и ќе видиме што ќе се случи.

Јасно е дека ако беше до мене јас ќе бев во болидот многу често обидувајќи се да се подобрам. Доколку добијам шанса да се тркам во Формула 1 следната година, би сакал оваа да ја искористам за учење, собирање искуство и подобрување. Ќе чекам и ќе видам што ќе се случи, како ќе се одвива викендот и потоа ќе размислам – појасни возачот.

Норис е еден од најсериозните кандидати за второто место во Мекалрен за 2019 година покрај Естебан Окон, Серхио Перез и Стофел Вандорн.


По дождот во Петок, Ландо сака нова сесија од Мекларен

Внесете го точниот резултат. * Time limit is exhausted. Please reload CAPTCHA.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>