Карлос Саинз ќе вози болид на Мекларен на тестот по Големата награда на Абу Даби кои Формула 1 екипите треба да го одработат за Пирели.

Шпанецот доби дозвола од Рено да го почувствува МЦЛ33 болидо од Вокинг во Среда следната недела, откако претходниот ден ќе вози неговиот тимски колега за 2019 година, младиот Ландо Норис. Засега официјално е потврдено и дека Џорџ Расел ќе вози за Вилијамс, додека Ленс Строл ќе биде во розевиот болид на Форс Индија.

Очекувањата одат во насока на тоа Кими Раиконен да одработи за Заубер, а Шарл Леклер за Ферари, иако тоа не е официјално потврдено. Веројано и дека Пјер Гасли ќе седне во РБ14, а Роберт Кубица во Вилијамс. Даниел Рикардо не доби дозвола од Ред Бул да седне и за прв пат да го проба болидот на Рено оваа година.

Тестот е последна можност за Пирели да ги тестираат гумите кои треба да ги доставуваат до тимовите догодина, откако сезонава сите 10 екипи од гридот имаа можност да тестираат на одделни тестови.


ОСТАВИ КОМЕНТАР

Внесете го вашиот коментар
Внесете го вашето име тука

Внесете го точниот резултат. * Time limit is exhausted. Please reload CAPTCHA.