Почнува женска тркачка W серија од 2019

1153
   

W тркачка серија, ново меѓународно тркање со отворени едноседи, но во женска конкуренција ќе има свој почеток следната сезона со цел да им помогне на жените да станат дел од Формула 1. Новата серија ќе се вози со Формула 3 Tatuus  болиди ќе биде поддржана од поранешниот Формула 1 возач Дејвид Култхард, а наградниот фонд за почеток ќе изнесува 1,5 милиони долари. Победничката на серијата ќе инкасира 500.000 долари како помош при нејзиниот пат до Формула 1.

Тркачката серија ќе има 5 трки во својата прва година, ќе почне во Мај 2019 година, трките ќе бидат ограничени на 30 минути, сите трки ќе се возат во Европа, а се очекува идна експанзија во Австралија, Азија и Америка.

Натпреварувачките нема да има потреба да носат свои спонзори, но ќе има процес на селекција за да организаторите се осигураат дека во серијата се тркаат најдобрите жени. Судии во серијата освен Дејвид Култхард ќе биде и поранешниот тимски менаџер Дејвид Рајан како и славниот Адриан Њуи кој ќе биде и член на Надзорниот одбор.

Ние во W тркачката серија цврсто веруваме дека жените и мажите може да се тркаат во иста серија едни против други под исти услови. Во моментов жените како да се ограничени на ниво на ГП3 или Формула 3 сериите во нивната крива на учење, а често пати тоа е поради недостаток на финансии, а не талент.

Токму поради тоа постои потреба од женска тркачка серија преку која возачките ќе добијат соодветно искуство потребно за следното ниво на врвно тркање и натпревар со најдобрите мажи на исто ниво – објасни Дејвид Култхард.

Главниот извршен директор на серијата, Кетрин Бонд Муир е главната која ги склопи коцките околу новата серија.

Постојат само неколку жени кои се тркаат со едноседи во моментов, а оваа серија значително ќе го зголеми тој број следната година и ќе донесе голем потенцијал на жените во тркањето.

Возачките од W тркачката серија ќе станат глобални ѕвезди, инспиративни пеимери за жените во сите сегменти на животот, секоја организација, компанија или спонзори. Ќе се развиаат нови победнички и шампионки кои треба својот успешен тркачки пат да го продолжат понатаму. W серијата е инспиративна иновација која допрва ќе следува.

Њуи од своја страна не гледа причина зошто жените да не може да се тркаат во Формула 1.

Верувам дека причината поради која многу малку жени до сега успешно се имаат тркано на високо ниво е недостаток на можност, а не способност. Поради тоа сум многу среќен што ќе бидам дел од оваа иновативна W тркачка серија и ќе дадам се од себе за да придонесам во создавање платформа во која жените ќе може да го подобрат своето тркање натпреварувајќи се една против друг со цел напредок во своите кариери.


Почнува женска тркачка W серија од 2019

0 Коментари

Внесете го точниот резултат. * Time limit is exhausted. Please reload CAPTCHA.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>