Почна реновирањето на Жил Вилнев

508
   

Работата околу реновирањето на автодромот Жил Вилнев во канадски Монтреал почнаа. Инвестициите се дел од договорот кој патеката го има со Формула 1, а кој треба да ја задржи најатрактивната тркачка серија таму до 2029 година.

Старите згради за боксовите и падокот кои датираат од 1988 година беа урнати во целост, просторот исчистен и подготвен за темели на новата модерна зграда која ќе биде изградена.

Компанијата која го изведува проектот работи под полна пареа затоа што основната структура треба да биде завршена до почетокот на зимата за да им се дозволи на останатите компании да го уредат внатрешниот дел со цел објектот да биде целосно подготвен за следната трка во 2019 година.

Проектот е финансиран од јавни пари во вредност од 48 милиони канадски долари и тоа 30 милиони канадски долари од градот Монтреал, а останатите 18 милиони канадски долари од Владата на Канада.

Новата зграда ќе може да прими до 5.000 за разлика од досегашната која собираше 1.800 луѓе и ќе има современи коментаторски позиции.


Почна реновирањето на Жил Вилнев

Внесете го точниот резултат. * Time limit is exhausted. Please reload CAPTCHA.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>