Првиот човек на Фиат Крајслер, Претседател и Главен извршен директор на Ферари, Серџо Маркионе, почина откако минатата недела беше ослободен од сите извршни функции како резултат на драстичното влошување на неговото здравје.

Тој стана прв човек на Фиат во 2004 година и беше креатор на преродбата на компанијата како и здружувањето со Крајслер по што станаа моќен играч во автомобилската индустрија. Маркионе стана влијателен во Формула 1 откако лично го превзема и раководењето со Ферари во 2014 година, заменувајќи го Лука ди Монтеѕемоло.

Исто така, тој беше дел од преговорите за иднината на Формула 1 како претставник на Ферари и се закани со напуштање на тркачката серија доколку не се исполнат неговите барања.

Маркионе требаше да престане со вршење на дел од функциите во Април следната година поради старост, но во Сабота свика итен состанок на кој објави дека се повлекува од функциите откако здравствената состојба драстично му се влошила. На негово место како Претседател на Ферари беше поставен Џон Елкан, додека за Извршен директор беше поставен Луис Камилери.

Денеска, Exor NV, холдинг компанијата на семејството Ањели преку која се контролира влогот во Фиат, потврди дек Маркионе починал на 66-годишна возраст.

Се случи она од што се плашевме. Серџо Маркионе, човек и пријател, го нема повеќе.

Најдобар начин да продолжиме да го почитуваме него е да го надоградиме тоа што ни го остава, да продолжиме да ги развиваме човековите вредности и одговорности како и отвореноста по која тој беше познат.

Моето семејство и јас ќе бидеме вечно благодарни за тоа што тој го има направено – изјави новиот Претседател на Ферари, Џон Елкан.


14 КОМЕНТАРИ

  1. Gledam osmeh kaj nekoi debili sto ni vo najubaviot son ne mozat da zamislat da bi bile kako nego pocina kako legenda i taka ke bide zapameten a ovie osmesive od debilive tesko niv neka igraat play station…

    • Јас сум фан на Мекларен ама, колко треба да си психопат да се радуваш на нечија смрт, па макар и на непријател (поточно ривал кога станува за Ф1).

  2. Бог да го прости. Само успешните, Господ ги сака. Го направи Ферари најдобар и нема да дочека да го види таму каде што треба да биде, ПРВ.

    • Нормално дека ќе падне, ФИАТ како фирма ја спаси Маркионе, со него ФИАТ ги постигна најголемите финансиски успеси. Инвеститорите у ФИАТ немаа доверба у нов менаџер на Ферари и на ФиатКрајзлер

    • Petar drugarce niti fiat niti alfa niti bmw niti mercedes niti porsche niti ferrari niti lamborghini niti…. ne mozeme da si dozvolime od old tajmeri zboruvam evo imas zelba i i si vikas daj ke sredam old tajmer ke ti recam gospod da ti pomozit ama ne ke ti e pubo novo da si kupis ?

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Внесете го вашиот коментар
Внесете го вашето име тука

Внесете го точниот резултат. * Time limit is exhausted. Please reload CAPTCHA.