Почетната грешка го чинела Хам пол позиција

409
   

Луис Хамилтон смета дека грешката од воведниот летечки круг во К3 го чинела загубена пол позиција од својот тимски колега. Бранителот на титулата успеа да стигне само до трето најдобро време по воведните летечки кругови во К3 зад Ботас и Кими откако прешироко мина низ 4от свиок. Со поконзервативен втор круг успеа да се доближи и да освои второ место со нецели две стотинки заостаток во однос на тимскиот колега од Мерцедес.

Мислам дека грешката од првиот обид во К3 ме чинеше пол позиција. Доколку го немате својот прв летечки круг како осигурувањ морате да почнете од почеток во вториот и со помалку ризик. Затоа секогаш е добро да имате одлично прво време и само да го надоградите во вториот обид.

Вториот круг беше одличен и јасно е дека дојдов многу блиску во Валтери на што сум пресреќен затоа што екипата дојде до 1-2. Честитки до Валтери, одработе фантастично за пол позиција денеска. Одличен викенд, добра брзина и супер квалификации за нас. Јасно е дека сме многу блиску – анализира Хам по крајот на квалификациите.

Луис утре ќе трегне едно место подобро од својот најголем ривал за титула, германецот Себастијан Ветел кој се квалификуваше во вториот ред осносно 3то место.


Почетната грешка го чинела Хам пол позиција

8 коментари

Внесете го точниот резултат. * Time limit is exhausted. Please reload CAPTCHA.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>