Постариот Саинз гледа незадоволство кај Алонсо

143

Легендарниот рели шампион, Карлос Саинз, смета дека Формула 1 кариерата на Фернандо Алонсо се ближи до крајот откако увидел незадоволство кај него. По промената на моторот во Мекларен очекуваа многу, но Мекларен не е најбрз од останатите, а по последната трка падна и од 4то место во поредокот.

Поради тоа што реалноста е послаба од очекувањата, мотивацијата Нандо е се помала.

Тој се наоѓа во период кога би сакал да биде во целосно друга ситуација, а тоа е да се бори за подиуми и за победи на секоја трка.

Кога сте победувале и сте биле два пати светски шампион во борба против другите, логично е да не се задоволите со ништо помало од тоа. Тоа е повеќе точно доколку го имате неговото искуство и неговиот карактери.

Годинава ситуацијата во која се наоѓа Мекларен е малку подобра и да се надеваме дека до крајот дополнително ќе напредуваат, но јасно е дека сите кои навиваат за него очекуваа многу повеќе од тимот – објасни Саинз.


Постариот Саинз гледа незадоволство кај Алонсо

Внесете го точниот резултат. * Time limit is exhausted. Please reload CAPTCHA.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>