Поради Хонда, Јапонија е втора домашна трка за Гасли

71
   

Пјер Гасли од Торо Росо ја нарекува Јапонија својата втора домашна трка додека се подготвува за домашната трка на Хонда во Сузука.

Тимот на Торо Росо пристигнува на Јапонското Гранд При каде нивниот снабдувач на мотори, Хонда, исто така е главен спонзор.

Гасли го помина поголемиот дел од 2017 година тркајќи се во јапонската Супер Формула, како и со неговиот сегашен Формула 1 тим. Французинот ја изгуби шансата да ја освои титулата откако последната трка во серијата беше откажана поради тајфун.

Јапонија е помалку како мој втор дом бидејќи поминав многу време тука, кога се тркав во Супер Формула со Хонда.

Тоа беше посебна сезона со одлични спомени од тркањето, но и од самите патеки. Ова е земја која ја обожавам поради културата, менталитетот на луѓето и начинот на кој размислуваат. Мислам дека беше многу корисно што работев со Хонда минатата година, сфатив како функционираат, што е корисно за мене годинава – вели Гасли.

Торо Росо ќе ја има својата прва посета во Јапонија како муштерија на Хонда, откако екипата премина од Рено на крајот на 2017 година. Викендов исто така ќе биде емотивен за Гасли, каде во 2014 година неговиот сонародник, Жил Бјанки, имаше страшен судар што неколку месеци покасно го чинеше неговиот живот.

Пристигнувајќи тука како Формула 1 возач и со Хонда е нешто што одвај чекам да искусам. Имаме напорен распоред со посета на повеќе објекти на Хонда пред да пристигнеме во Сузука, што ќе биде интересно.

Се надевам дека ќе имаме добра трка и ќе им се заблагодариме на јапонските навивачи за нивната поддршка. Обожавам да се тркам во Сузука, тоа е одлична патека.

Првиот дел е фантастичен предизвик, еден од најдобрите сектори во сезоната. Многу е брз и навистина го тестирате лимитот на болидот.

Ќе биде исто така и емотивно за мене, враќајќи се тука по тоа што му се случи на Жил. Кога и да пристигнам во Сузука, секогаш го посетувам местото каде ја имаше својата несреќа – додаде Гасли.


Поради Хонда, Јапонија е втора домашна трка за Гасли

Внесете го точниот резултат. * Time limit is exhausted. Please reload CAPTCHA.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>