Поради тајфунот, страдаат гумите во Сузука

238
   

По денешните петочни тренинг сесии, екипите во Сузука се судрија со прекумерно трошење на гумите како резултат на дождот од дкорешниот Тајфун кој ја променил абразивноста на патеката. Пирели велат дека скорешното невреме кое донесе огромни дождови минатите две недели ја измил цела налепена гума од патеката, што многу влијаело на грипот годинава.

Во однос на тврдината на асфалтот, имаме поместување од макро чекор. Веројатно тоа е поради временските услови односно силниот дожд од тајфунот го променил асфалтот. Тоа влијае многу на грипот и трошењето на гумите – објаси Марио Исола.

Ферари и Фетел први се пожалија на меури во своите гуми, но Исола открива дека италијанската екипа не е единствена во тоа. Сепак, тој е убеден дека Скудерија ќе успеат соодветно да го подесат болидот за да избегнат драма која може да ги снајде како резултат на агресивниот избор на 10 сетови суперсофт за викендов.

Сметам дека гумите може да се менаџираат и секако од денешните податоци тимовите ќе може соодветно да реагираат за да спречат појавување на меури.

Да не заборавиме дека фиксниот избор се прави 14 недели пред трката, а тоа е многу. Веројатно Ферари имаа за цел повеќе серии на суперсофт со цел да горазберат нивното однесување, додека другите повеќе возеа на софт затоа што имаа повеќе такви.

Медиум компонентата е всушност ланскиот софт и таа е добро позната на сите тимови кои располагаат со ланските податоци и поради тоа не се испитува премногу.

Теоретски, Марио најави трка со две застанувања во боксот врз база на првичните петочни податоци.

Можно е и трка со едно застанување во бокс, но треба добро да се анализира деградацијата и трошењето за да се разбере која стратегија и за колку е побрза.

Двет евлегувања треба да се теоретски 10-15 секунди побрзи затоа што во спротивно сите би оделе на едно менување поради помал ризик од самото менување и од заглавување во сообраќај.


Поради тајфунот, страдаат гумите во Сузука

Внесете го точниот резултат. * Time limit is exhausted. Please reload CAPTCHA.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>