Мерцедес морале да го ограинчат својот мотор за време на петочните тренинг сесии во Мексико затоа што истиот прегревал. Луис Хамилтон и Валтер Ботас беа неконкурентни на првите две сесии од викендот и завршија далеку зад времињата на Ред Бул.

Многу екипи се мачеа со менаџирање на Пирели гумите, но Техничкиот директор, Џејмс Алисон, откри дека нивна болна точка било менаџирање на моторот кој прегревал поради тоа што турбо полначот морало да работи многу посилно за да компензира.

Ова е невообичаена патека со големи барања од шасијата, моторот, ладењето и гумите. Од денешните серии заклучивме дека сеуште не најдовма оптимален начин да ги задоволиме барањара со добри перформанси во руговите.

Моторот ни прегрева и тоа се случува со многу негови делови, тоа значи дека ја намаливме моќта од него за да го заштитиме и зачуваме како мерка на претпазливост.

Со малку среќа и многу напорна работа, можеме да се позиционираме подобро во Сабота и Недела кога прогнозата вели дека условите ќе бидат подобри, а времето поладно – објасни Алисон.


ОСТАВИ КОМЕНТАР

Внесете го вашиот коментар
Внесете го вашето име тука

Внесете го точниот резултат. * Time limit is exhausted. Please reload CAPTCHA.