Марцин од Рено верува дека зголемемното количество на гориво и потврдите гуми за оваа сезона ќе доведат до многу трки со едно застанување во боксот.

Новите правиила за 2019 година се насочени кон подобрување на тркањето и конкурентноста во тркачката серија, но Марцин смета дека пит-стоповите ќе се ограничат. Гумите се потврди поради потребата болидите поагресивно да се следат еден со друг за да може да се претекнат.

имаше многу трки лани кога болидите ги немаат максималните 105 килограми гориво во себе затоа што повеќе гориво значеше потежок болид и побавен болид поради дополнителната тежина. количеството на гориво секогаш е компромис, но морам да кажам дека имаше и трки н кои се возеше со 105 килограми, полн резервоар, но тоа значеше неатрактивно тркање поради тоа што тоа гориво не беше доволно, а болидот беше тежок.

штедењето на гориво во комбинација со штедењето на гумите и јасно е зошто на многу трки возачите беа насочени само кон менаџирање на ритамот наместо кон тркање.

чекорите кои се превземени во однос на зголемување на дозволеното количество на гориво треба да дозволи на некои трки возачите да притискаат навистина силно. тоа во комбинација со потврдите гуми кои ги користиме, поконзервативни од лани, веројатно ќе доведе до помалку менаџирање и повеќе тркање.

но, тоа сигурно ќе донесе повеќе трки со само едно застанување по нови гуми, повеќе трки годинава ќе бидат такви, но од друга страна ќе гледаме повеќе тркање – оцени будковски.


ОСТАВИ КОМЕНТАР

Внесете го вашиот коментар
Внесете го вашето име тука

Внесете го точниот резултат. * Time limit is exhausted. Please reload CAPTCHA.